Во рамки на посетата, делегацијата остварила работна средба со директорот на дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, на која се разговарало за можностите за интензивирање на економската соработка, привлекување нови инвестиции и унапредување на билатералните односи.
Димовски, како што се наведува во соопштението од дирекцијата за ТИРЗ, нагласил дека оваа посета претставува значаен чекор кон продлабочување на економските односи меѓу двете земји и континуитет на веќе воспоставената соработка од јуни минатата година.

Тој посочил дека дирекцијата за ТИРЗ и натаму останува посветена на поддршка на инвеститорите и создавање услови за одржлив економски раст и нови инвестиции со висока додадена вредност.
Министерот Шакалиев изразил задоволство од можностите што ги нуди земјава, нагласувајќи дека Казахстан гледа сериозен потенцијал за зајакнување на соработката.






