среда, 15 април 2026

Владата го достави Предлог-законот за поддршка на тутунарите во Собранието, предвидени се 307,5 милиони денари

Објавено на

часот

Сподели

Со законот се уредуваат условите, корисниците и цената, како и постапката за доделување  финансиска поддршка за откупот на тутун од реколтата од 2020 година.

„Со оглед дека не се работи за обемен и сложен закон, согласно член 170 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, како и во интерес на производителите на тутун, Владата го достави предложениот текст на усвојување по скратена постапка“, информираа од владината прес-служба.

И министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа вчера информира дека Предлог-текстот е во финална процедура. Целта на донесувањето на законот, напомена Хоџа, е да се исплатат ветените средства за поддршка на тутунарите.

Според законот, за тутунарите се предвидени 307,5 милиони денари, средства со кои, покрај веќе исплатените субвенции, ќе се постигне, како што рече министерот, просечна цена од над 180 денари за килограм тутун. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ