Како што соопшти ЈОРСМ, работната посета е во рамките на заложбите за поефикасна координација меѓу Јавното обвинителство и Врховниот суд.
Савески и Фидани разговараа за повеќе прашања кои треба да овозможат поефикасно постапување по предметите во надлежност на највисокиот суд, а по кои постапува и републичкото обвинителство.

„Во исто време Савески го запозна Фидани со плановите за воведување нов систем за електронско управување со предметите во обвинителствата, кој во иднина треба да овозможи и побрза дигитална размена на податоци со судовите“, соопшти државното јавно обвинителство.
По преземањето на функцијата Савески минатата недела го посети и Уставниот суд.






