„Нашата компанија е пионер во спроведувањето на ваков вид на програма во земјата. Нашиот пример веќе го следат и други бизниси. Компаниите треба да инвестираат во формалното образование со цел подобрување на квалитетот на самото образование, а истовремено и создавање на конкурентна и вредна работна сила на пазарот на труд. Дуалното образование е инвестиција во иднината на младите. На учесниците во програмата им нудиме вработување веднаш по завршувањето на образованието, што е значајно за намалувањето на младинската невработеност“, изјави Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
Инаку проектот за дуално образование се спроведува од 2017 година. Првата генeрација на ученици веќе го завршија образованието и 15 од нив работат во ЕВН. Програмата е дел од редовното образование во училиштата СЕТУ „Михајло Пупин“ и ОСТУ „Гостивар“. Наставата се одвива на македонски и албански јазик, учениците учат во целосно опремен кабинет за предметна настава, а практичните вежби ги реализираат под менторство на вработени од ЕВН на специјално опремен полигон во училиштето но и на терен.
Во јавниот повик учествуваа компании и поединци од компании кои вложуваат во практиките за општествена одговорност и заедницата и придонесуваат кон исполнување на најмалку една од вкупно 17 цели за одржлив развој.






