Градоначалникот на Радовиш и командант на кризниот штаб, Љупче Почивалец, во консултација со лекарите од Центарот за јавно здравје-Штип, на Фејсбук апелира граѓаните да избегнуваат непотребен престој на отворено и да ги ограничат движењата, особено во периодите кога чадот од депонијата е најинтензивен.
„Во последните два дена на депонијата има само чад, нема оган. Општина Радовиш и надлежните служби активно работат на локализирање и гаснење на пожарот. На терен е ангажирана механизација која врши насипување со земја и санирање на запалените површини, со цел целосно локализирање на пожарот. Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат препораките за заштита на здравјето“, рече тој.






