вторник, 24 јуни 2025

Човекот што го демнеше градоначалникот на Неготино, Стојанов заврши во притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци поведе постапка против 28 -годишен жител на Неготино, Горан Стојанов за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело демнење.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Во периодот од 12.09.2024 до 25.02.2025 година осомничениот, преку вајбер и фејсбук настојувал да воспостави несакан контакт со оштетениот – градоначалник на Неготино, постојано испраќајќи му текстуални пораки, линкови и фотографии со заканувачка содржина во обид да го принуди да издејствува повлекување во кривична постапка. Имено, против сега осомничениот се води претходна кривична постапка за присилба, во која кон него биле изречени и мерки на претпазливост, вклучувајќи и забрана за воспоставување комуникација со оштетениот градоначалник. Наспроти ваквите мерки определени од судот, осомничениот продолжил да го контактира градоначалникот и да му се заканува, предизвикувајќи кај него чувство на несигурност, вознемиреност и страв за неговата и за сигурноста на неговите блиски“, соопшти денеска ОЈО Кавадарци.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот во Неготино го прифатил предлогот и со решение определил притворска мерка за осомниченото лице.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ