„Во оваа насока, Советот за соработка на Владата и граѓанското општество ќе предложи член од здружение кое е активно најмалку 10 години во областа на превенцијата и борбата против корупцијата. Ова е важен чекор каде граѓанскиот сектор ќе го даде својот придонес во превенцијата и борбата против корупцијата, а не како досега кога граѓанското општество имаше само улога на набљудувач“, се наведува во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот Арбен Фетаи.





