Во четвртиот квартал од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите градежништво од 13,2 проценти и стручни, научни и технички дејности; административни и помошни услужни дејности од 10,6 проценти.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 6 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 66,1 процент.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 3,1 процент, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од два проценти.
Минатата година, во првиот квартал БДП изнесуваше 1,2 проценти, во вториот квартал 2,3 проценти, а во третиот 3 проценти.






