среда, 22 април 2026

Алиу: Со предлог-измените на Законот за здравствената заштита се вреднува знаењето

Министерот за здравство Азир Алиу денеска истакна дека со предлог-измените на Законот за здравствената заштита се вреднуваат знаењето, искуството и придонесот на здравствените работници со долгогодишно искуство.

Објавено на

часот

Сподели

Со предлог-измените на Законот е предвидено пензионерите на возраст од 64 до 67 години да продолжат да работат доколку постои потреба, а специјалистите над 67 години да продолжат со работа до 70-годишна возраст.

„Со ова се вреднуваат знаењето, искуството и придонесот на здравствените работници со долгогодишно искуство. Дополнително, преку програмите на Министерството е обезбено и бесплатно болничко лекување и ослободување од партиципација за пензионери со пониски примања, со што директно се намалува финансискиот товар и се овозможува подобар пристап до неопходната здравствена грижа“,  рече Алиу во обраќањето на одбележувањето 80 години постоење на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.

Осум децении посветена работа, солидарност и грижа за повозрасните граѓани, посочи министерот, се доказ за вашата незаменлива улога во општеството.

„Цврсто верувам дека грижата за пензионерите не е само социјална обврска, туку мерка за зрелоста и хуманоста на едно општество. Затоа, за мене и за Министерството што го предводам, оваа тема е врвен приоритет“, додаде Алиу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ