По повод својот 70-годишен јубилеј, Витаминка ја претстави рекламата „Кој би помислил, од една пиперка… до цел свет на вкусови“, целосно создадена со вештачка интелигенција. ВИ рекламата е инспиративна приказна што на емотивен и современ начин го оживува богатото наследство на компанијата, а сепак конципирана и продуцирана со помош на вештачката интелигенција. По својата обемност, продукциска сложеност и креативна изведба поставува нови стандарди во домашната маркетинг-комуникација.
Приказната во рекламата е времеплов низ светот на Витаминка, емотивно навраќање на најзначајните моменти од нејзината историја, претставени преку најпознатите и најомилените вкусови на брендот. Од првиот производ „Мелената алова пипер“ од 1956 година, преку Стоби Флипс и Дафинка, до Цевитана, чоколадите Синтагма и Хепи, Фрути јафа меките бисквити и Кејк ап колачите, производите што стигнаа до повеќе од 30 земји во светот, рекламата го оживува наследството на Витаминка на современ и технолошки иновативен начин. Содржи голем број кадри, секој со внимателно осмислени визуелни светови, посебни карактери, различни амбиенти и прецизно интегрирани пресвртни моменти, што ја прави оваа реклама исклучително комплексен и продукциски голем потфат.

Рекламата се издвојува и по начинот на кој технологијата е употребена за да се изгради богата, емотивна и визуелно слоевита приказна. Секоја сцена е обликувана со сопствена естетика, атмосфера и наративна функција, со цел автентично да се долови духот на различните декади низ кои се развива Витаминка.
Рекламниот спот е дело на тимот на Дивижн маркетинг и адвертајзинг, кој ја разви како носечки елемент на кампањата за големиот јубилеј на Витаминка.
Со овој проект, Витаминка уште еднаш потврдува дека е бренд што успешно ја спојува традицијата со иднината. Рекламата не е само одбележување на 70-годишниот јубилеј, туку и јасна порака дека Витаминка и понатаму ќе продолжи да создава нови вкусови, нови приказни и нови светови за своите потрошувачи.
Комерцијален текст






