На 10 јуни, во вторник, со поддршка и во соработка со Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), АХВ ќе одржи настан за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната на која ќе учествуваат реномирани претстставници од EФСА, од научните и други институции поврзани со прашања за производството на храна и нејзината безбедност.
Годинашното мото на Светскиот ден на безбедна храна – 7 јуни е „Науката во акција“ и тоа денес, според АХВ, потсетува на важноста на науката како основна алка од синџирот на безбедна храна.
„Тоа е дел без кој не се може и кој ги создава основите за креирање на политиките за безбедност на храната од страна на институциите, како што е и АХВ. Преку едукативниот спортско рекреативен настан кој се одржа денес и настанот кој во соработка со EФСА ќе се одржи во вторник, АХВ и годинава активно работи на подигнување на свеста на граѓаните за важноста на безбедноста на храната и за превенирање и управување со ризиците со цел унапредување на нивното здравје“, наведува Aгенцијата за храна и ветеринарство.