Академијата е дел од пошироката заложба на Прокредит банка за јакнење на домашната бизнис заедница преку нефинансиска поддршка и создавање можности за континуирана едукација и вмрежување. Преку оваа иницијатива, претприемачите добија пристап до практични знаења, експертски совети и интерактивни работилници, кои им помагаат да ги унапредат своите деловни вештини и да создадат поодржливи деловни модели.
Програмата се состоеше од пет модули што ги опфатија најрелевантните теми за раст на современите мали бизниси – финансиски менаџмент, комуникациски и продажни вештини, дигитална трансформација и развој на претприемачки начин на размислување. Академијата беше реализирана во соработка со Alphabet Group, консултантска компанија со долгогодишно искуство во организациски развој и едукација на претприемачи низ регионот.

„Со гордост можеме да кажеме дека Прокредит бизнис академијата покажа колку знаењето и споделеното искуство можат да придонесат за посилен и поодржлив приватен сектор. Да се биде вистински партнер на бизнисите, за нас, значи да понудиме повеќе од традиционалните банкарски услуги – тоа значи активно да придонесуваме за нивниот раст и успех. Оваа програма е уште една потврда на нашата заложба да ги поддржиме претприемачите не само финансиски, туку и преку развој на нивните капацитети и мрежата на контакти“, изјави Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на Прокредит банка.
Со успешното завршување на првата генерација, Прокредит најавува дека Бизнис академијата ќе продолжи и во 2026 година, а пријавувањето за новата генерација учесници ќе започне наскоро.
Повеќе информации ќе бидат достапни на официјалната веб-страница и социјалните мрежи на банката.
Комерцијален текст






