Како што соопштуваат од ЗНМ, во рамки на настанот ќе бидат доделени годишните награди: „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство за 2025 година, како и Наградата за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење за 2025 година.
„Јубилејот претставува значаен момент за ретроспектива на осум децении посветена работа во заштита на новинарската професија, слободата на изразување и јавниот интерес“, стои во соопштението од ЗНМ.






