За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, како што истакнуваат, неопходна е поголема сообраќајна култура.
„Затоа ЈП ПОЦ и СВР – Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар, со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, нагласуваат од претпријатието.