Филмовите во официјална конкуренција се избрани од огромен број анимации, меѓу кои и од Франција, Велика Британија, Германија, Шпанија, Русија и Бразил.
Голем дел од филмовите кои се борат за „Златната тула“ се носители на престижни награди, победници на филмски фестивали од А категорија.
Годинашната жири комисија ја сочинуваат Мими Ѓорѓовска Илиевска, Лазе Трипков и Илчо Симовски.
Официјалната програма почнува во 20 часот, а проекцијата на филмови за деца ќе се одржи утре со почеток од 17 часот кога публиката ќе има можност да гласа за најдобриот филм за деца.
„Анимакс Скопје фест“ е прв фестивал на анимиран филм во земјава. Целта е да се подигне свеста и културата за анимираните филмови за возрасни и деца. Фестивалот го организира продуцентската куќа „Аурипигмент“, во соработка со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје и Кинотека на Македонија и со поддршка од Град Скопје.
Фестивалот ќе се одржи во Кинотеката, а проекциите се бесплатни.






