сабота, 30 мај 2026

Три награди во Србија за македонската претстава „Самоубиство во самоодбрана“

Објавено на

часот

Сподели

За својот настап во салата на „Академско позориште СКЦ“ во Ниш, според одлуката на жири комисијата, во состав: Даниел Јовановиќ (претсдател), Љиљана Милосављевиќ (член) и Јелка Кузмановиќ – Цветковиќ (член), претставата „Самоубиство во самоодбрана“ освои 3-то место во конкуренцијата за најдобра претстава за млади, авторот Марјан Анѓеловски доби награда за најдобар оригинален драмски текст, а актерот Огнен Велевски доби награда за актерска бравура.

Сценографијата на претставата „Самоубиство во самоодбрана“  е дело на Ристе Мицевски. А улогите ги играат актери од ансамблот на алтернативен театар „Отпишани“ – Скопје, Петра Ивановска – во улога на Александра, Марјан Анѓеловски – во улога на Веселин, Јасмин Рамани – во улога на Горјан и Огнен Велевски – во улога на Ева.

Претставата е поддржана од Министерството за култура, како проект од национален интерес

од областа на драмската дејност за 2021 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ