сабота, 30 мај 2026

„Театар комедија“ ќе продолжи со нормална работа, објавен е конкурс за нов директор, вели Стефоска

Објавено на

часот

Сподели

Министерката за култура, Ирена Стефоска и вработените во НУ „Театар комедија“ се договорија во следниот период да го одржат професионалното ниво на соработка и високото реноме на институцијата, информираат од Министерството за култура.

„Денеска, согласно Законот за култура, е објавен јавниот оглас за нов директор со полн мандат од 4 години. Беше договорено, за времетраењето на Огласот, што е 15 дена, в.д.директор на установата да е актерката, од редот на вработените, Магдалена Ризова Черних, а уметнички раководител да е драматургот Дарко Јан Спасов“, кажала Стефоска пред вработените.

Од министерството информираат дека министерката Стефоска и ансамблот на НУ „Театар комедија“ изразуваат искрена желба на јавниот оглас да се пријават сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите и најквалитетниот кандидат да биде избран за директор со редовен мандат.

„На тој начин, еден од омилените театари во земјава ќе продолжи со успешниот репертоар, за кој низ годините се бара карта повеќе“, вели Стефоска.

Практично, одлуката на министерката Стефоска за јавен конкурс е во насока на барањето на вработените во театарот.

Средбата на Стефоска е реализирана откако пред два дена таа ја разреши од функцијата в.д.директор Нора Шаќири Марковиќ, која за МКД.мк реагираше дека разрешувањето претставува класичен реваншизам поради тоа што нејзиниот брат Бени Шаќири беше кандидат за градоначалник на Скопје.

Oбразложението на одлуката го отфрли како неточно и најави тужба пред Управниот суд. Рече дека успеала да врати наследен долг од 200 илјади евра и да го врати тетарот со премиери пред публиката.

Истиот ден реагираа вработените во театарот со поддршка за Шаќири Марковиќ и, со барање, „ако веќе Министерството за култура смета дека Нора Шаќири не е соодветен кадар за оваа позиција, тогаш да се распише конкурс, а во меѓувреме директор да биде драматургот Дарко Спасов“.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ