сабота, 30 мај 2026

Нора Шаќири Марковиќ разрешена од директорската функција на „Театар комедија“

Објавено на

часот

Сподели

„Во Извештајот е констатирано дека раководното лице презело активности спротивни на член 34, став 1, алинеа 3, од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, член 8-а став 1 алиниеа 3 од Изборниот законик и член 11 од Законот за заштита од вознемирување на работно место. Со тоа се потврдува дека раководното лице водело и ја завршило дисциплинската постапка врз вработени во време на изборен процес“, се вели во одговорот за МКД.мк од Министерството за култура.

За нов в.д. директор на НУ „Театар комедија“ е назначена актерката Магдалена Ризова Черних која и е вработена во театарот, информираат од Министерството.

Инаку, минатата недела во театарот влегла вонредна инспекциска контрола по пријава, според која, како што тогаш беше објавено во некои медиуми, Шаќири-Марковиќ вршела мобинг и психичко вознемирување врз вработените во „Театар комедија“.

За медиумите тогаш таа изјави дека таквиот навод не е точен и дека е најдобро да се прашаат самите вработени и додаде дека „Театар комедија“ токму сега, иако уште е пандемиско време, работи со полна пареа и има претстави кои се добро посетени.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ