
На конкурсот пристигнале повеќе од 1.000 современи авторски бајки од над 300 автори од земјава и светот, а жири-комисијата во состав: проф.д-р Христо Петрески, проф.д-р Милутин Ѓуричковиќ и Весна Мундишевска – Велјановска ги избра најдобрите современи авторски бајки кои се објавени во истоименото издание Современи авторски бајки.
Жири-комисијата одлучи да ги награди авторите на најдобрите современи бајки и тоа: Ана Багрјана од Украина, Алицја Мариа Куберска од Полска, Шерзод Артиков од Узбекистан, Ранко Павловиќ од Босна и Херцеговина и Нехас Сопај од Македонија.
Овој фестивал и конкурс ќе станат традиционални и ќе се реализираат и во иднина. Организаторот е презадоволен од големиот број учесници, но и од квалитетот на современите авторски бајки.





