сабота, 25 јули 2026

Промовирана книгата „Кралицата ќе издржи“ од Весна Кираџиева

Објавено на

часот

Сподели

„Кралицата ќе издржи“ претставува обемно и сериозно четиво, многу повеќе од само „обична“ книга за трчање и атлетичари. Дел патописи, дел интимни исповеди во вид на извадоци од личниот дневник на Кираџиева, но и субјективни согледувања на реалната состојба на спортот, односно атлетиката во Македонија. Добро истражена и структурирана, напати сериозна, но истовремено проткаена со многу хумор и топлина, како и одлични совети и предлози, „Кралицата ќе издржи“ е практичен прирачник за животот. Пораките коишто ги пренесува авторката се универзални – важноста на образованието, истрајноста, издржливоста и мотивацијата како двигатели во остварувањето на соништата, но и неопходноста од поддршка и човечка емпатија во еден суров свет како денешниот.

„Кралицата ќе издржи“ е во издание на новата македонска издавачка куќа, „Кооперација“, а книгата на Кираџиева е „првенче“ за нив. Генералниот директор и уредник на „Кооперација“, Томе Костадиновски, вели дека во иднина очекува многу успешни проекти и соработки, особено со домашни, македонски автори.

Книгата „Кралицата ќе издржи“ на Весна Кираџиева може да се купи во сите поголеми книжарници низ Македонија, како и онлајн.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ