Концертот опфаќа дела од П.Маскањи, М. Мусоргски, Џ.Пучини, П.И.Чајковски– Р.Леонкавало, Ш.Гуно, В.Белини и Џ.Верди. Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ.
Од НОБ информираат дека настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.
Задолжително е носење на заштитна маска. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во ограничен број, посочуваат од Национална опера и балет.






