недела, 19 април 2026

КУД „Илинден“ во најдолгото оро за Гинис

Објавено на

часот

Сподели

2.700 учесници од 37 земји од светот и припадници на 71 различна националност беа дел од ова оро. Со овие бројки на учесници беа срушени два гинисови рекорди. Едниот рекорд е по број на националности кои играа  на орото, а другиот по број на држави. Оваа бројка од 37 земји кои активно учествуваа, се искачи на 57 зашто се приклучија и туристи од  други држави кои го следеа  фестивалот. 

КУД „Илинден” имаше и настап во официјалната програма на главната фестивалска сцена на оваа светска Фолклоријада, шеста по ред која годинава се одржува во Русија. Големиот фолклорен фестивал се одржува од 4 до 11 јули во Република Башкоростан. Единствен претставник  од Македонија е фолклорниот ансамбл од Битола кој постои скоро седум децении и го афирмира македонскиот фолклор и традиција на бројни фолклорни фестивали ширум светот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ