Во рамки на концертот ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонија со своите камерни состави.
На програмата дела од Чејс, Премру, Дебиси, Убер, Сен-Санс, Ловленд и Шостакович, а ќе настапат трио тромбони ( Бранко Илиевски, Никола Ристевски и Александар Ниниќ), Скопски брас квинтет (Стефан Илиев – труба, Вилијама Баракоски – труба, Благоја Василевски -хорна, Никола Ристески – тромбон и Александар Ниниќ – тромбон), Александра Чуруковска (контрабас), Филип Петрески (хармоника), Маријана Николовска на пијано, Ева Богоеска (виолина) и Марија Трајковска (виолина).






