среда, 15 април 2026

Дариа Милошеска во финалето на Меѓународниот фестивал за јазик и култура

Објавено на

часот

Сподели

Меѓународниот фестивал за јазик и култура (IFLC) организира разни натпревари и сценски претстави од областа на уметноста, а годинешните настани ќе ги продолжи со специјални натпревари за песна. Во полуфиналето учествуваа 1.350 ученици.

Ученичката од 8-мо одделение на ПСУ „Јахја Кемал“ Дариа Милошеска се пласираше во финалето со нејзината песна „Ако згрешам нека изгорам“. Дарија ќе ја покаже својата страст и ентузијазам кон музиката да биде прва и да ја направи нејзината земја попозната.

Финалистите на натпреварот, на кој 24-те ученици беа пласирани во финалето, ќе бидат одредени со јавно гласање и од жири комисија составена од професионален тим. Покрај жирито, љубителите на уметноста ќе можат да гласаат за кандидатот што сакаат, преку линкот за гласање по завршување на натпреварот. Линкот за гласање кој ќе биде споделен на крајот на настапите ќе остане отворен приближно 10 часа. Во овој период, оние кои сакаат да гласаат ќе можат да ги оценуваат учениците со 5 ѕвезди. Младите таленти ќе ги испеат своите последни песни на мајчин јазик и ќе носат автентична народна носија.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ