среда, 15 април 2026

30 години Канал 103 – На само со Крсте Роџевски

Објавено на

часот

Сподели

Овој настап на Роџевски, кој своите почетоци ги бележи во 90-тите во Битола, заедно со група музичари од која подоцна ќе произлезат Фолтин и Љубојна, е најавен како своевидна акустична прошетка низ најинтересните ќошиња од неговите четири њујоршки албуми што ја заинтригираа светската не само џез критика и публика: „Batania“ (2015), „Bitter Almonds“ (2017), „The Rabbit And the Fallen Sycamore” (2018) и “Hubris” (2020). Концертот е закажан за 22 јули (четврток) во 21:30 часот, во магичниот амбиент на Куршумли Ан, создаден за патување низ времето, каде што музичката терапија на Роџевски ќе добие совршено легло, природен простор и сојузник.

Настанот, кој ќе ќе се одржи со почитување на сите пропишани регулативи за одржување концерти на отворен простор, е поддржан од Министерството за култура и Институтот „Јунус Емре“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ