сабота, 25 јули 2026

МКЦ дел од голем меѓународeн Еразмус проект за млади

Објавено на

часот

Сподели

Продукт на дијалогот на локално ниво, како што информираат од МКЦ, е проектот „Градината како инструмент, пермакултура како методологија“ развиен во соработка со Хајан Алхалаби, познавач во областа на пермакултурата и соработник на граѓанската иницијатива „Бостание” и има задача да ги поттикне младите за креативно изразување преку уметнички пристап кон природата, користење на дигитални алатки во процесот кон пермакултурното градинарство, и развивање на одговорност за својот посед и принос од работата.

Главната цел е воспоставување на холистичка синтеза од различни пристапи за креативно поттикнување на младите, инспирирани од големото искуството на партнерите во проектот на локално, регионално и национално ниво.

Под водство на Associazione culturale Mulab од Италија, проектот е подржан од Национална агенција за млади на Италија, а ги вклучува партнерските организации Rinova Limited (Велика Британија), HFC-Hope for children CRC Policy Centar (Кипар) и Fundacija Arteria (Полска). 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ