Во знак на солидарност поради трагичниот настан со пожарот во ковид-болницата во Тетово и прогласената тридневна жалост на територија на цела држава, изминатите денови светлосните инсталации беа активни, но без музика и звук. Уметниците на 14 јазици испишаа пораки на надеж, кои потоа беа проектирани на бината Школка, една од локациите на овогодинешното издание на светлосниот фестивал.
Меѓународниот фестивал на светлосна уметност „Скопје лајт арт дистрикт“, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје, е дел од РОК проектот, во рамки на програмата Хоризонт 2020 на ЕУ наменета за истражување и иновации.






