среда, 15 април 2026

Видео мапинг „Поглед во иднината“ на македонското Собрание (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Проекцијата на видео анимација ја претстави македонската традиција и традициите на другите заедници, современото живеење со кое се креира уникатна дигитална транспозиција на минатото во иднината преку деликатно комбинирање на одбрани дела кои го одразуваат мултикултурниот карактер на општеството, мозаикот на различности и интеркултурниот дијалог изразен преку културата, традицијата, уметноста и нивна преобразба преку шпекулативен дизајн кој ги понесе гледачите во една светла, оптимистичка иднина која ветува прогрес и стабилност.

Видео анимацијата ги прикажа клучните европски вредности: негата на индивидуалниот и колективниот идентитет, мултикултуралноста, грижата за различностите и интеркултурниот дијалог преку избор на бои, слики и музика кои ќе одразуваат заедниците кои живеат во РСМ.

Визуелните артисти/уметници кои ја сработија оваа видео анимација – мапинг „Поглед во иднината“ се Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски, во координација со агенцијата ИН маркетинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ