сабота, 18 јули 2026

Вечерва се отвора годишната изложба на дела на Родољуб Анастасов

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за презентација на околу 40 дела од најзначајните циклуси на авторот Родољуб Анастасов, кои се дел од колекцијата на Галерија „Јустина и Родољуб Анастасов“, вредна донациска збирка која брои околу 400 дела кои потекнуваат од различни временски периоди (од 1957 до 2010) и претставува своевиден пресек на повеќе ликовни стилови и тенденции во современата македонска ликовна уметност.

– Овие дела се белег за автентичниот и единствен по многу особености креативен опус на Анастасов. На изложбата се изложени импресивните цртежи на Анастасов од циклусите „Почеток”, „Делување на елементите”, „Промена на обликот”, „Трансфигурирање”, сите изведени во техника – туш на хартија, создадени во периодот помеѓу 1957 – 1960 година, и кои припаѓаат на т.н. енформелска лабораторија, соопшти Музејот на град Скопје.

Оваа изложба е годишна, односно ќе биде поставена и ќе трае во временскиот период – од декември 2021 до декември 2022, во Галерија „Јустина и Родољуб Анастасов” во Музеј на град Скопје. Изложбата ќе се реализира согласно сите мерки и протоколи за заштита од ковид-19.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ