среда, 15 април 2026

Статуафест во Скопје – фестивал за живи статуи

Објавено на

часот

Сподели

Ова е петти јубилеен Статуафест кој Teaтроск го поставува на улиците на Скопје. На овогодинешниот фестивал, како и минатата година ќе настапуваат исклучиво домашни артисти од причина што основна цел на театарската компанија за улична уметност е да се создаде пообемна домашна продукција каква што ја има насекаде по светските фестивали. Некои од артистите се веќе познати, но се појавуваат и дебитанти. Интересот за овој вид уметност расте од година во година.

Темата на овогодинешниот Статуафест – Другото лице на улицата е „Скопје на улица“ односно што сѐ прават скопјани во текот на едно деноноќие движејки се забрзано или пак бавно низ улиците на нашиот град. Во преносна смисла Статуафест ќе биде огледало на самите нас, какви сме всушност.

Фестивалот почнува во 18,30 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ