вторник, 14 април 2026

Шеста година по ред – почнува Скопје фото недела

Објавено на

часот

Сподели

Предавачи за време на дводневниот настан ќе бидат Владо Ѓоргиев, Орце Поповски, Душан Кардалевски и Ани од фотографското дуо Ани и Дими.

„Имате директната можност да учите од најдобрите фотографи и уметници од своите полиња на дејствување и да дознаете кои се новите техники на работа, но и да ги подобрите постоечките. Разменуваме искуства, прошируваме познанства и градиме нови пријателствата. За време на видео сесиите, кои ќе бидат достапни на Фејсбук страницата, ќе ја имате можноста за поставување на прашања, кои ќе ви бидат одговорени од предавачите.

Скопје е град познат по својата разноличност, шареноликост и е град на контрасти. Огромен број фотографии се случуваат секој ден на неговите улици и во неговите паркови, мемории уловени во дигитален формат. Тие ја раскажуваат приказната за душата на градот и луѓето кои живеат во него“, велат организаторите.

Скопје фото недела е шести по ред настан во организација на Ангеловски Фотографија и Грег Момент (Полска), кој се одржува традиционално секоја година. Претходно беше под името ISPV – International Summit of Photographers & Videographers, од 2020 година е со ново име и концепт – Skopje Photo Week (#SPW).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ