сабота, 18 јули 2026

Пендаровски ја посети изложбата на дела од Петар Хаџи Бошков во Стоби

Објавено на

часот

Сподели

Поставката вклучува четириесетина репрезентативни дела од повеќе творечки фази на авторот, кои опфаќаат четиридецениски период од 1962 до 2004 година.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка и го поздрави целокупниот концепт на проектот, кој истовремено придонесува за оживување на Стоби, презентација и популаризација на локалитетот. Идејата за изложба на скулптури од Петар Хаџи Бошков на археолошкиот локалитет Стоби, потекнува од програмата „Стоби – Жив град“. Делата се изложени на повеќе специфични локации во археолошкиот локалитет, претставувајќи ја врската помеѓу модерните и античките вредности.

Во рамки на посетата, Претседателот го посети и депото, каде беа презентирани пронајдените археолошки артефакти на локалитетот Стоби.

За време на посетата, директорот на НУ Стоби, Спасе Перовски, го запозна претседателот Пендаровски со предизвиците и приоритетите на археолошкиот локалитет, како и со идејата за изградба на музејски комплекс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ