вторник, 14 април 2026

„Мултиоригинал“ – изложба на поранешни и сегашни студенти на Катедрата по графика на ФЛУ

Објавено на

часот

Сподели

„Катедрата по графика во своето депо чува графички оригинални отпечатоци од сите свои студенти од секоја генерација и може да се пофали со најбогатата збирка на македонска графика во државата. Проектот „Мултиоригинал“, финансиски потпомогнат од Град Скопје, е иницијатива и првичен обид за подобра организација и осовременување на депото за графика при ФЛУ. Фотодокументирањето, разгледувањето и организирањето на графичките изблици од минатите генерации студенти, на сегашните студенти им го пренесе ентузијазмот и љубовта кон професијата и ги вовлече во предизвикувачка техничко-ликовна инспирација“, соопшти ФЛУ.

Во проектот учествуваат сегашните студенти, а организацијата е на наставниот кадар – проф. д-р Славица Јанешлиева, проф. м-р Ладислав Цветковски и асс.м-р  Ана Спасова. 

Изложбата „„Мултиоригинал“, наведува ФЛУ, ги бележи првичните импресии на учесниците на дел од графиките од своите постари колеги. Изложени се графики од депото на: Кате Биновска, Даниела Андонова, Благица Николова, Надица Златкова, Дејан Стојановиќ, Валбона Муслиу, Жанета Стаиќ, Маргарита Аврамовска, Славица Јанешлиева и Стефан Јакимовски, а до нив графиките на сегашните студенти – Милена Петковска, Марија Симоновска, Марко Печеновиќ, Тамара Марчевска, Евгенија Трајковска, Сара Митковска, Викторија Калемџиевска и Стефан Јакимовски.  

„Сметаме дека Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје, односно Катедрата по графика, со својот стар вонвременски објект Сули ан, кој е од непроценливо културно значење, со богатото графичко депо, графичките работилници/ателјеа и малиот изложбен простор може да прераснат во значаен графички центар на државата и место за собир на љубителите на графиката и уметниците – графичари“, посочува ФЛУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ