Изложбата е резултат на едногодишниот проект од областа на културата и архитектурата насловен „Улогата на жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“ кој Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата го спроведе со финансиска поддршка од Амбасадата на Швајцарија во Македонија.
Авторскиот тим на проектот го сочинуваат Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков, Јован Ивановски и Бојана Стојменовска.
Изложбената поставка ќе биде отворена до 23 март 2022 година.





