петок, 22 мај 2026

„За мерилото на вкусот“ од Дејвид Хјум

Објавено на

часот

Сподели

Книгата ја приреди и ја преведе нашиот познат естетичар, професорот Иван Џепароски. Освен што е автор на изборот на есеите и на преводот, Џепароски е автор и на обемниот предговор кон изданието во кој зборува за филозофската мисла, а пред сè, во овој случај, за естетичката мисла на Хјум. Исто така книгата е опремена со неопходната литература и белешки.

Земајќи предвид поголем број мислења на одделни филозофи, вклучително и на  историите на естетиката на англиското јазично под­рачје, професорот Џепароски во предговорот истакнува дека „се покажува особеното место на Дејвид Хјум во рамките на естетиката и на историјата на естетиката. Затоа и може со сигурност да се утврди“,  додава Џепароски, „дека шкотскиот филозоф, историчар, еко­но­мист и теоретичар на религијата Дејвид Хјум (1711-1776) е, несомнено, најзначајниот претставник на бри­тан­скиот емпиризам и водечка личност на шкотското и британското просветителство“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ