петок, 22 мај 2026

Почина филологот, научник и професор Атанас Вангелов

Објавено на

часот

Сподели

Вангелов е доктор по филолошки науки и работеше како професор. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата, лектор по македонски јазик и литература во Париз, а работел и како новинар во Радио Скопје. Бил член на редакцијата на списанието „Разгледи“. Од 1967 година членувал во Друштвото на писатели на Македонија.

Роден е во Богданци 1946 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Беше лектор по македонски јазик и литература во Париз.  Член на ДПМ од 1967 година. Едно време беше и директор на Државниот архив на Македонија. Во почетокот на 2000-те беше македонски амбасадор во Унгарија.

Автор е на бројни книги, а добитник е на наградите: „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“, „Божидар Настев“, „Димитар Митрев“, „Златно перо“, „Григор Прличев, а пред десетина дена и на наградата „11 Октомври”.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ