сабота, 15 ноември 2025

ДПМ: Нема да дозволиме и уривањето на дел од куќата на Владо Малески да заскита по бирократски лавиринти

Друштвото на писателите на Македонија бара од надлежните институции координирано да ги преземат сите неопходни мерки за што побрза санација на настанатата штета и враќање на спомен-куќата на Владо Малески во Струга во нејзината првобитна состојба.

Објавено на

часот

Сподели

ДПМ соопшти дека будно и со длабока загриженост го следи случајот со спомен-куќата на Владо Малески во Струга, која претрпе сериозни оштетувања поради небрежност при градежни работи во нејзина непосредна близина.

„Куќата на Владо Малески, еден од деветтемина основачи на Друштвото на писателите на Македонија, има статус на поединечно заштитено добро, а за неговата добросостојба се одговорни Заводот и музеј на Охрид, Управата за заштита на културно наследство и Комисијата за управување со Охридскиот регион.
Со оглед на тоа што една од основните заложби на ДПМ е грижата за книжевното и културното наследство што ја негува колективната културна меморија и го афирмира ликот и делото на неговите основачи, воедно и втемелувачи на современата македонска државност и култура, Управниот одбор на друштвото на писатели на Македонија смета дека советниците, директорите, градоначалниците и функционерите се менуваат, но останува потребата од заедничка и континуирана грижа за македонското културно наследство. Ќе продолжиме да ги следиме случувањата и во никој случај нема да дозволиме поради небрежноста на институциите овој предмет да заскита по бирократски лавиринти и ќор-сокаци, туку ќе инсистира на преземање на сите неопходни мерки, сè додека не се дојде до конечна позитивна разрешница“, се вели во соопштението на ДПМ.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ