недела, 15 декември 2024

ГАЛЕРИЈА

Протест на пациентите и нивните пријатели од онкологија

Вечерва повторно се протестира пред Владата. Овојпат своето незадоволство од власта го изразуваат граѓаните поврзани со случувањата во Клиниката за онкологија. Граѓаните ќе го продолжат протестот и пред Основното јавно обвинителство во Скопје. Се бара „правда за жртвите“. „На секоја неправда како оваа на Онкологија и на секоја неправда во иднина, мирно и достоинствено да кажеме жестоко не“, велат граѓаните учесници на протестот. Надлежните најавуваат дека ќе бидат санкционирани сите оние за кои ќе се утврди дека го прекршиле законоот. На случајот работат МВР и обвинителството. Од ОЈО велат дека денеска телефонски десетина граѓани се пријавиле да дадат изјави и да помогнат во постапката за случајот „Онкологија“.
Фото:
Фото: Роберт Атанасовски

ОСТАНАТО ОД ГАЛЕРИЈА

Скопјани маршираа за чист воздух

НАЈНОВИ ВЕСТИ