ГАЛЕРИЈА
Генералка покрај Мавровското Езеро
Членовите на здружението Спас за Маврово, заедно со вработените од Националниот парк Маврово и од ЈПКД Маврово денеска спроведоа акција за чистење на околината на Мавровското Езеро. Од 1 Мај почнува сезоната на викендашите кои речиси секој викенд доаѓаат покрај брегот на езерото и си одат оставајќи траги на човечкиот безгрижен престој во природата, оставајќи ги остатоците од тој престој на местото каде што уживале. И така секоја година, неконтролирано се фрла ѓубрето покрај брегот, а сопствениците на викендиците исто така секоја година се организираат да го соберат ѓубрето. Годинава тоа е направено заедно со вработените од НП и ЈКПД Маврово. Надлежните од Општината Маврово Ростуше засега не нудат решение за оваа веќе востановена традиција.