сабота, 18 април 2026

Мажите со повисок коефициент на интелигенција се помалку конзервативни

Ново истражување сугерира дека поинтелигентните мажи се помалку конзервативни во своите политички ставови од оние со просечни когнитивни способности.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Истражување спроведено во Германија покажа дека мажите со повисок коефициент на интелигенција се помалку склони кон традиционалните вредности, но нејзиниот главен автор, психологот и истражувач Максимилијан Кроло од Универзитетот во Сарланд, тврди дека истражувачите не пронашле такви разлики кај жените.

Студијата се базираше на Проектот за надареност во Марбург, во кој повеќе од 7.000 деца од основно училиште беа подложени на тестирање на коефициентот на интелигенција во учебната 1987/1988 година. Се покажа дека околу 150 деца, или два проценти, биле исклучително надарени.

Повеќето од испитаниците (107) биле следени во долгорочна студија во текот на следните години, заедно со споредбена група од луѓе со просечна интелигенција, и повеќепати им биле поставувани прашања на различни теми, рече авторот.

„Денес, 35 години подоцна, на оваа група ѝ поставивме голем број прашања за нивните политички ставови“, рече истражувачот за образование Јерн Спарфелдт, професор на германскиот универзитет Сарланд. На прашањата одговорија 87 високо надарени возрасни лица и 71 лице со просечни способности, што е малку пониска стапка на одговор од 75 проценти.

Научниците рекоа дека учесниците во студијата се рангирале себеси политички на скала од лево кон десно и пополниле детален прашалник за политичката ориентација. Биле опфатени четири тематски области, вклучувајќи социјализам и либерализам.

„Се покажа дека група мажи со просечни способности имаат тенденција да поддржуваат вредности поврзани со традицијата и строгиот општествен поредок. Во исто време, мажите со висок коефициент на интелигенција поретко застапувале такви традиционални конзервативни ставови“, рече Кроло.

„Со оглед на тоа што високо надарените луѓе често заземаат влијателни позиции, беше интересно да се обидеме да разбереме како тие гледаат на политиката, економијата и општеството воопшто“, рече Спарфелдт, кој три години го водеше Проектот за надареност во Марбург како негов научен директор.

Спроведеното истражување покажа дека високата интелигенција, како што би можело да се претпостави, не води кон радикални политички ставови. Наместо тоа, се покажува дека високо надарените возрасни лица се, во просек, исто толку политички разновидни и умерени како и остатокот од населението.

„Но, сè уште има потреба од понатамошни истражувања, на пример за тоа дали поконзервативните ставови се одразуваат и во политичкото дејствување“, рече Спарфелд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ