Едниот список, насловен како „Подружници на украински компании во Европа“, наведува 11 компании во градови како Лондон, Минхен, Рига, Вилнус и Прага. Вториот, насловен како „Странски компании кои произведуваат компоненти“, именува 10 компании, од кои некои се наоѓаат во Мадрид, Венеција и Хаифа.

Интересно е што еден читател на порталот Медуза забележал дека на првата листа се наоѓа адресата Лерхенауер штрасе 28 во Минхен, за која тврди дека припаѓа на станбена зграда.
Руското министерство соопшти дека ги објавило листите за европските граѓани „да ги разберат вистинските причини за заканите по нивната безбедност“, но и за да ги знаат адресите на „украинските“ и „заедничките“ компании кои произведуваат дронови за Украина на нивна територија.
Дмитриј Медведев, заменик шефот на рускиот Совет за безбедност, го коментираше објавувањето на социјалната мрежа Икс, нарекувајќи го „список на потенцијални цели за руските вооружени сили“. „А дали овие напади ќе станат реалност зависи од она што следува. Спијте мирно, европски партнери!“, додаде тој.
Russian Defense Ministry’s statement must be taken literally: the list of European facilities which make drones & other equipment is a list of potential targets for the Russian armed forces. When strikes become a reality depends on what comes next. Sleep well, European partners!
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) April 15, 2026
Овој потег на Москва следи еден ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Берлин. Пред состанокот, како што објави кабинетот на Зеленски, на двајцата лидери им беа презентирани седум модели на беспилотни летала произведени од заеднички украинско-германски компании.
Истиот ден Германија и Украина се согласија за пакет за одбрана во вредност од четири милијарди евра. Според договорот, Германија ќе го финансира договорот за набавка на неколку стотици ракети за системите за воздушна одбрана „патриот“.






