петок, 22 мај 2026

Жена го убила невенчаниот сопруг со тврд предмет

Објавено на

часот

Сподели

„Во 11:35 часот во СВР Тетово А.С. (39) од Тетово пријавила дека околу 11:00 часот во семејниот дом во Тетово извршила убиство на нејзиниот 51-годишен невенчан сопруг А.И. Според пријавеното, во извршувањето на кривичното дело осомничената употребила тврд предмет“, информираше портпаролот Марјан Јосифоски.

На местото на настанот извршен е увид од Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, а безживотното тело предадено е за обдукција. По документирање на случајот против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ