„На 5 јануари, во 22.00 часот во населбата Илинден, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Петровец, ги лишиле од слобода А.Н.(24) од населбагта Илинден и А.М.(23) од селото Марино, скопско. Тие се сомничат дека околу 10.00 часот на железничка станица во Илинден со закана одзеле пари и мобилен телефон од А.Х.(29), Н.К.(21), В.У.(19) и од еден малолетник, сите од Авганистан. Кај нив биле пронајдени два пиштола ЦЗ 99 калибар и две рамки со 10, односно 15 куршуми од 9 мм. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшгти МВР.
Вооружени жители на Илинден и Марино ограбиле Авганистанци

ТОП ВЕСТИ





