При сообраќајна контрола на улица „Благоја Тоска“ во Тетово полицајците констатирале дека Ш.Б. управува патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки по дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,03 промили алкохол во крвта.
На булеварот „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници констатирале дека Б.Д. (23) од Гостивар управува патничко моторно возило „рено“ со гостиварски регистарски со 1,70 промили алкохол во крвта. На истиот булевар М.И. (25) од Гостивар, кој управувал со патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, бил фатен како вози со 2,17 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, против тројцата ќе бидат поднесени пријави по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.