Исто така изречени се и 19 санкции за возење под дејство на алкохол, 12 за нерегистрирани возила, пет за користење мобилен телефон, четири за минување на црвено светло на семафор, како и 36 санкции за непрописно паркирање.
Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.






