петок, 22 мај 2026

Во притвор жената што го уби сопругот, таа лани го пријавила во полиција за навредување

Објавено на

часот

Сподели

„Тетовката А.С.има поднесено само една поплака против сопругот и тоа на 14 октомври минатата година. Тогаш се пожалила дека сопругот се расправал со неа и ја навредувал, по што таа ја напуштила просторијата во која биле двајцата сопружници. Набрзо, А.И.(51) бил повикан во Полициската станица Тетово и бил предупреден“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Вчера жената самата се пријави во СВР Тетово дека со употреба на тврд предмет околу 11 часот го извршила убиството врз невенчаниот сопруг.

Од Обвинителството објавија дел од деталите за убиството.

„Осомничената на 27 јуни 2021 година, во домот во кој живеела, околу 11 часот, во подрумските простории на подмолен начин го лишила од живот оштетениот – нејзин вонбрачен сопруг. По претходна физичка и вербална расправија меѓу нив, осомничената со употреба на тврд предмет – чекан му задала неколку удари во тилниот дел од главата на оштетениот, додека тој спиел на душек поставен на подот во дневната соба во подрумските простории. Од нанесените повреди починал на самото место. Осомничената пак, сама се пријавила во полициска станица“, информира Обвинителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ