
Како што информираа од МВР, при контрола на товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитз“, кое го управувал во правецот од Куманово кон Скопје, биле пронајдени 53 мигранти, од кои 34 од Индија и 19 од Куба.
„При контролата било утврдено дека на влекачот и полуприколката биле поставени регистарски таблички кои припаѓаат на други возила. Мигрантите биле сместени во Транзитниот центар ‘Табановце‘, а возачот А.Ќ. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во соопштението.






