понеделник, 25 мај 2026

Уапесен српски државјанин кој превезувал 25 кубански и тројца индиски мигранти

Објавено на

часот

Сподели

На автопатот Гевгелија – Скопје, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија синоќа го лишиле од слобода К.А.(20) од Прешево, Република Србија, затоа што при преглед во товарно возило „фиат дукато”, со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 28 лица – мигранти, од кои 25 од Куба (20 полнолетни и 5 малолетни) и 3 од Индија, информира МВР

„На автопатот, на местото викано Нова петла во близина на Гевгелија, тој не застанал на даден знак од полициски службеници, а откако бил стигнат запрел, го напуштил возилото и се обидел да избега, но бил фатен и лишен од слобода. Мигрантите биле пренесени во прифатниот центар ‘Винојуг’ во Гевгелија, а К.А. бил задржан во Полициска станица Гевгелија“, соопшти МВР.

Во координација со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ