Во полицискиот билтен е наведено дека вчера во 09.55 часот во Полициската станица Аеродром, З.М.(41) од Скопје пријавил дека на булеварот „Кузман Јосифовски Питу” бил каснат од куче скитник.
Исто така вчера во Полициската станица Аеродром, К.А.(20) од Скопје пријавила дека на улицатга „23-ти Октомври” била касната од куче скитник.
Во полицијата во Карпош пак, П.Р.П.(56) од Скопје пријавил дека на улицата „Ловќенска” бил каснат од куче скитник.






