сабота, 14 јуни 2025

Три лица во Пепелиште физички нападнале семејство

Млад жител на неготинското село Пепелиште пријавил во полиција напад од три лица, а според пријавеното, нападнати биле и неговите родители и бабата.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа околу 20 часот во ОВР Неготино, А.М. (27) од село Пепелиште, неготинско, пријавил дека во неговиот дом бил физички нападнат од М.Д. (27) од Пробиштип, М.Д.(30) и М.Д.(48), двајцата од село Пепелиште, при што бил удрен и со стаклен предмет. Според пријавеното, тој побегнал во домот на неговите родители, каде што дошле лицата и физички ги нападнале неговите родители и неговата баба, а ја оштетиле и влезната врата од куќата, соопштија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ